„Федерер може да биде опасен на Вимблдон, но…“

Поранешниот шпански тенисер, Алекс Коречја вели дека Роџер Федерер може да биде опасен на Вимблдон, но мора да одигра одлично во првата недела од турнирот.

Швајцарскиот великан не се наоѓа во најдобра форма, но Коречја смета дека Федерер никогаш не смее да биде отпишан од листата на фаворити кога станува збор за овој гранслем турнир.

„Дали ќе биде Федерер доволно подготвен за Вимблдон? Мислам дека може да биде опасен, но мора да има одлична прва недела. Мора да влезе во ритам за да биде опасен во втората недела. Сепак, многу тенисери сега можат да му наштетат. Тоа не беше така претходно. Се знаеше дека на трева може да изгуби само од тројца или четворица, повеќе не е така. Годините си го прават своето“, изјави Коречја. 

Вимблдон почнува на 28. јуни, а титулата од 2019 ќе ја брани Новак Ѓоковиќ. Ланското издание беше откажано поради пандемијата од коронавирусот.

Се вчитува...