Федерер му оддаде признание на Ѓоковиќ: Постигнување за почит…

Откако Шпанецот Рафаел Надал, на еден заобиколен начин, призна дека кога титулите се во прашање нема збор дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, сега и Роџер Федерер оддаде признание на српскиот тенисер за неговата 24-та грандслем титула.

Според Федерер значењето на трофеите се наметнао од Пит Сампрас кој долго време се обидувал да го собори рекордот на Рој Емерсон од 12 титули. На крај успеал во тоа, па од тогаш многу тенисери се обидуваат да соборуваат рекорди…

„Целата приказна започна кога Пит Сампрас долго време се обидуваше да го собори рекордот на Рој и потоа му успеа. Од тој момент, рекордите во тенисот почнаа да добиваат на значење, а Ѓоковиќ ете во Њујорк дојде дури до 24-ти трофеј, што е постигнување за почит“ – вели Федерер кој се наоѓа во Ванкувер каде ќе се игра Лејвер Куп.

Се вчитува...