Федерер му одржа лекција на Зверев за нова титула во Хале

Швајцарскиот ас Роџер Федерер по деветти пат во кариерата го освои турнирот во Хале, победувајќи го во финалето младиот Германец Александер Зверев со 2-0 во сетови (6-1, 6-3). Беше тоа, неверојатно, 140.финале за Федерер во неговата фантастична кариера.

За само 53 минути, Швајцарецот го збриша младиот Зверев. Првиот сет го освои со 6-1 во гемови, а и во вториот доминираше, препуштајќи му на противникот само три гема. Ова е деветта победа за Федерер на овој турнир, а играше вкупно 11 финалиња.

Се вчитува...