Федерер на две победи до 100. титула во кариерата

Роџер Федерер стигна до полуфиналето од турнирот во Дубаи, со што швајцарскиот ас се најде на само два чекори до својата јубилејна, 100. освоена титула во кариерата.

Тој вечерва за противник го имаше Унгарецот Фуксович, кој му создаде големи главоболки на Федерер пред се во првиот сет што беше решен со тајбрејк. Унгарскиот тенисер пропушти и една сет-топка, по што Федерер го доби тајбрејкот со 8-6, за потоа фаворитот да слави со 6-4 во вториот сет и да стигне до полуфиналето. Швајцарецот имаше дури 34 неизнудени грешки наспроти 19 винер-удари, но и тоа му беше доволно за да стигне до посакуваната победа.

Тој во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот Чориќ и Басилашвили, а втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Циципас и Монфилс.

Се вчитува...