Федерер: Не би бил тоа што сум денес, да не беше Мирка!

Роџер Федерер се избори за место во осминафиналето на својот 19-ти настап на Вимблдон, кој го освоил седум пати…

„Не би успеал без неа. Ако таа би рекла дека не сака повеќе да патува, тоа ќе биде крај на мојата кариера. Едноставно е така. Таа е всушност најдобрата. Како никој друг е постојано покрај мене, од првиот момент кога ја запознав“ – вели Федерер и дополнува:

„Среќен сум што ми дозволува да ги бркам моите соништа, затоа што во оваа приказна е исто толку колку и јас“.

Швајцарскиот тенисер во осминафиналето на Вимблдон ќе се соочи со Бугаринот Григор Димитров.

Се вчитува...