Федерер: Не играм на Австралија Опен, најверојатно нема ни на Вимблдон

Роџер Федерер сеуште се рехабилитира од операциите на коленото, а и покрај тоа што најави враќање на терените следната година нема да настапи на Австралија Опен, а мала е веројатноста дека ќе настапи и на Вимблдон.

Швајцарскиот ас кој осум пати беше освојувач на Гранд слем турнирите во јануари очекува да започне со трчање, а три месеци подоцна и со тренинзи на тениските терени.

„Мора да бидам стрплив и да почекам со враќање на терените за да има доволно време коленото да се излечи. Следните месеци ќе бидат клучни за тоа. Нема да играм на Австралија Опен, а најверојатно нема ни на Вимблдон. Мојот живот нема да се уништи доколку не играм на финалните турнири, но верувам дека ќе се вратам. Јас верувам во чуда“ изјави искусниот тенисер за ‘Ле Матин’.

Се вчитува...