Федерер: Не можам да се замислам да го освојам Ролан Гарос

Роџер Федерер се врати на теренот со пораз во второто коло на турнирот во Женева. Швајцарецот во третиот сет испушт редност од 4-2, па на крај загуби и мораше да му подаде рака на противникот, Пабло Андухар.

Швајцарецот го одигра третиот натпревар оваа година и забележа втор пораз. Тој ја пропушти скоро целата претходна сезона поради операција на грбот. Федерер е свесен дека е далеку од врвна форма и дека му недостасуваат натпревари пред вториот Грандслeм во сезоната, Ролан Гарос.

„Јас многу добро знам на кое ниво сум. Тоа го видов на мечот против Андухар. Јас сум реален и дури не мислам дека можам да го освојам Ролан Гарос. Во моментов тоа би било лудо! Се согласувам дека луди работи се случуваат, но не сум сигурен дека во последните 50 години, имало некој што се појавил во Париз на 40-годишна возраст, а кој претходно отсуствувал скоро година и пол, и да на крај успее да влезе во финале и обезбеди трофеј“, рече Федерер со насмевка.

Освојувачот на 20 Гран слам титули смета дека следните неколку недели се исклучително важни за продолжението на сезоната.

„Важно е дека се вратив и дека можам да тренирам со најдобрите момци. Не смеам да бидам строг кон себе. Ова е процес. Морам да бидам трпелив за да го достигнам врвното ниво“, истакна Федерер.

Се вчитува...