Федерер: Не можам да тренирам повеќе од два часа

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер се очекува да се врати на терените на стартот на 2021 година, откако годинава имаше проблеми со коленото, поради кои два пати мораше да замине на операција. Тој веќе некое време работи на физичката подготвеност и полека, но сигурно напредува.

„На добар пат сум. Постепено се враќам, но без никакво форсирање. Ќе учествувам на турнирите само кога ќе бидам 100 отсто подготвен. Во моментов личи дека ќе се вратам на Австралија опен. Не можам да тренирам повеќе од два часа. Се уште работам на мојата издржливост“, изјави Федерер. 

Роџер Федерер сезонава по Австралија опен веќе не учествуваше на ниту еден турнир и да не беше паузата поради пандемијата од коронавирусот тој секако немаше веќе да игра сезонава.

Се вчитува...