„Федерер не сакаше да загуби од Новак, затоа се повлече“

Легендарниот Матс Виландер го изнесе своето мислење зошто Роџер Федерер се повлече од Ролан Гарос. Швајцарецот се повлече пред дуелот од осминафиналето со Матео Беретини, односно едно коло пред проектираниот меч со Новак Ѓоковиќ, кој според Швеѓанецот е главна причина за откажувањето.

„Мислам дека донесе добра одлука. Имаше шанси да го победи Беретини, но секако мораше потоа да игра против Ѓоковиќ, а веројатно Србинот лесно ќе славеше на тој меч. Тоа пред Вимблдон не го сакаше“, изјави Виландер. 

Федерер реши да се повлече и покрај добрата игра и четирите победи на првите четири одиграни меча на Ролан Гарос.

Беретини го искористи ова и доби автоматски пласман во четвртфиналето, каде италијанскиот тенисер загуби од Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...