Федерер: Не треба да се прави драма од мојот пораз од Тим

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер истакна дека му е жал поради поразот од Доминик Тим во финалето на Мастерсот во Индијан Велс, но дека од тоа не треба да се прави драма, бидејќи Тим одигра феномален меч.

„Жал ми е што повторно загубив финале во Индијан Велс. Чувствував дека играв добро, но очигледно тоа не е доволно. Не треба да се прави драма околу поразот. Ако продолжам да играм на ова ниво, титулите ќе дојдат порано или подоцна. Мило ми е што Доминик го освои првиот трофеј на Мастерс 1000 турнирите, овие десетина дена одигра навистина неверојатен тенис“, изјави Федерер. 

Швајцарецот во финалето загуби од Тим со 2-1, по сетови 3-6, 6-3 и 7-5, што значи трето загубено финале во низа на Мастерс турнирите. Следната шанса за трофеј, Федерер ќе ја има на Мастерсот во Мајами, каде минатата сезона испадна на стартот од Танаси Кокинакис.

Се вчитува...