Федерер: Не знам дали ова е мој последен Вимблдон, мора да разговарам со својот тим!

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер загуби убедливо на Вилблдон во три сета и ја пропушти шансата да стигне до финале за да се бори за нов гранд-слам трофеј, а после поразот новинарите на „Олд Ингланд Клубот“ го прашаа дали доаѓа денот за пензија.

Федерер кој има 20 гранд-слам трофеи загуби од Хурберт Хуркач, а посочи и дека сѐ уште дефинитивно не решил дали ќе игра на олимпискиот турнир на Летните Олимписки Игри во Токио, иако веќе е пријавен во швајцарскиот олимписки тим како единствен во машка конкуренција од својата земја на турнирот во Јапонија.

„Навистина не знам дали е ова мој последен Вимблдон. Мојата цел е да пробам повторно да играм тука, оваа година успеав и среќен сум за тоа, но мора прво да разговарам со својот тим па ќе видиме. Прво ќе ми треба неколку дена да одморам, ќе разговараме за многу работи, ќе пробаме да бидиме како да бидам во подобра форма, тактички поспремен. Сакам пак да играм, ама во мои години повеќе ништо не е сигурно“, рече Федерер.

Се вчитува...