Федерер обезбеди четвртфинале во Париз

Роџер Федерер без поголеми проблеми обезбеди пласман во четвртфиналето на Мастерстот во Париз, совладувајќи го Италијанецот Фабио Фоњини во два сета со 6-4, 6-3.

Со оваа победа Федерер го надмина рекордот на Надал со вкупно 363 победи на турнирите од Серија 1000 и сега тој има една повеќе од Шпанецот. Трет на оваа листа е Новак Ѓоковиќ со вкупно 330 победи.

Во следната рунда, Федерер ќе игра за полуфинале со Јапонецот Каи Нишикори кој забележа осминафинална победа со 2-0 во сетови во дуелот со Кевин Андерсон.

Се вчитува...