Федерер оди кон нова титула, Плишкова и Барти во финалето во Мајами

Роџер Федерер ја оствари правата победа сезонава над тенисер од топ 10 групата откако во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами го победи седмиот светски тенисер, Кевин Андерсон со 2-0 во сетови. На Федерер му беше потребно помалку од час и половина за победата во која загуби само четири гема во вториот сет.

Во полуфиналето, Швајцарецот ќе се сретне со 19-годишниот Денис Шаповалов во меч во кој разликата во години меѓу двајцата противници ќе биде најголема во историјата во оваа фаза Мастерс турнирите.

Шаповалов станува првиот играч роден во 1999 година или подоцна кој се соочил со Федерер.

Каролина Плишкова ја спречи Симона Халеп да се врати на првата позиција на ВТА листата елиминирајќи ја од бората за титула по победата во полуфиналната пресметка со 2-0 во сетови. На Романката и требаше само пласман во финалето за да ја симне Наоми Осака од лидерското место на светскиот ранкинг. Плишкова би можела да се пробие на вторто место на листата ако во финалето ја победи Ешли Барти. Австраликата оствари полуфинална победа над Естонката Анет Контавет со 2-0 во сетови.

Се вчитува...