Федерер остана во игра за полуфинале

Роџер Федерер славеше на денешниот дуел од второто коло на АТП-шампионатот против Беретини со 2-0 во сетови, задржувајќи си ги шансите за пласман во полуфиналето од завршниот турнир. Швајцарецот експресно го остави зад себе разочарувачкиот пораз од Тим, успеа да го надигра Беретини и сега за пласман меѓу четворицата најдобри ќе решава во последниот дуел од групата, против Новак Ѓоковиќ.

Првиот сет мина во израмнета битка во која двајцата тенисери одлично сервираа. Федерер прв имаше шанса за брејк при 6-5, Беретини се спаси, но потоа швајцарскиот ас доминираше во тајбрејкот триумфирајќи со 2-0. Тој потоа го искористи малиот шок кај противникот, направи брејк во првиот гејм од вториот сет и ја задржа предноста до конечните 6-3.

Во вториот меч од второто коло во оваа група ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим.

Се вчитува...