Федерер откри кога ќе ја заврши кариерата!

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, во моментов се опоравува од повредата на коленото кое го оперираше дури три пати во последните година и половина. Повредата со себе го повлекува и прашањето дали е време Швајцарецот да замине во пензија?

Меѓутоа и покрај фактот дека наполни 40 години, Федерер истакнува дека уште има желба да се натпреварува.

„Како и секој спортист и јас ќе знам кога е вистинското време. Нема да бидам еден од оние кои остануваат само да останат. Се уште сакам да настапувам на егзибициски мечеви и да ги посетувам местата во кои претходно не сум бил. Навивачите многу ми значат, но не сакам да му направам лошо на моето тело. Едноставно ќе знам кога ќе дојде време за пензија“, изјави Федерер. 

 

Се вчитува...