Федерер откри која му е најголема желба во 2021 година

Роџер Федерер е се поблиску до камбек на тениските терени по повредата на коленото и операцијата што беше извршена врз Швајцарецот во февруари годинава. Во разговор со Кеи Нишикорки швајцарскиот тениски великан откри која му е најголемата желба на професионален план за оваа година – настап и златен медал на ОИ во Токио.

Тој има едно олимписко злато, но од дубл со Стен Вавринка освоено во 2008 година во Пекинг, но Федерер е свесен дека злато од ОИ во сингл е единствениот трофеј што недостига во неговата неверојатна колекција.

„Можеби ќе звучи себично, но јас се израдував кога слушнав дека ОИ во Токио се одложуваат за 2021 година. Секако дека планирам да сум таму, тоа е мојата најголема желба за 2021 година, да играм во Токио и да се обидам да стигнам до трофејот. Јасно е колку ќе биде тешко со оглед на долгата пауза, но тоа е она што си го имам зацртано“, истакна Федерер.

Се вчитува...