Федерер откри што планира да прави во иднина

Роџер Федерер вели дека се изненадил колку е заинтересиран за тениските резултати и по завршувањето на кариерата, но дека сега игра само со децата.

Тој говореше дека е многу среќен откако е во играчка пензија, но говореше и околу плановите за иднината велејќи дека еден ден можеби ќе влезе во коментаторските води.

„Отпрвин мислев дека би било одлично да ги коментирам натпреварите на играчите против кои играв бидејќи најдобро ги познавам, но мислев дека не е во ред да станам коментатор во годината по моето пензионирање. Можеби ќе го направам тоа еден ден, можеби никогаш“, вели Федерер.

Се вчитува...