Федерер: Ова ќе биде фантастичен Вимблдон, фаворит е Мареј

Се е подготвено за утрешниот старт на Вимблдон, гранслем турнирот што според прогнозите на Роџер Федерер би требало да биде еден од најинтересните во последните неколку години. Швајцарецот, кој во својата кариера има седум трофеи од овој гранслем, според јавноста е фаворит за нов трофеј. Сепак, Федерер таа улога му ја препушта на бранителот на трофејот, Енди Мареј, без оглед на слабата форма на Британецот во последно време.

Ако е близу 100% физичка подготвеност, за мене Мареј е еден од главните фаворити за трофејот. Тој има и квалитет и искуство, како и поддршка од трибините“ – истакна Федерер, па додаде пофални зборови и за останатите противници: Надал ќе биде полн со самодоверба по турнирите на земјена подлога, додека Ѓоковиќ штотуку го освои Истбурн, што дефинитивно ќе влијае врз неговиот оптимизам. Тука се и останатите тенисери како Вавринка и Чилиќ, кои освојувале гранслем турнири во минатото, затоа велам дека овој Вимблдон ќе биде еден од најинтересните и најнеизвесните досега“.

Последен пат тенисер надвор од Топ 4 триумфирал на Вимблдон уште во 2002 година, кога тоа му појде од рака на Лејтон Хјуит.

Се вчитува...