Федерер по повеќе од три часа игра го совлада Коефер за место во осминафинале на Ролан Гарос

Роџер Федерер вечерва имаше тежок и исцрпувачки меч против Германецот, Доминик Коефер. Сепак, и покрај годините, Швајцарецот успеа физички да издржи и да дојде до голема и значајна победа од 3-1.

Првите три сетови беа драматични и непредвидливи, па се решаваа дополнително преку тај-брејк (7-6, 6-7, 7-6), додека четвртиот и последен заврши со резултат од 7-5 во полза на Федерер.

Речиси целиот меч беше одигран поен за поен и гејм за гејм, а на крај се испостави дека искуството пресуди во еден ваков тензичен натпревар кој траеше повеќе од три часа.

Роџер Федерер во четвртиот сет за првпат успеа да искористи прилика и да направи брејк, успевајќи да го добие Германецот на негов сервис. Ова значеше и рутинска завршница и искористување на последната меч топката која му донесе на Роџер и пласман во осмина-финалето, а таму ќе го чека Италијанецот, Матео Беретини.

Се вчитува...