Федерер подобар од Нишикори за полуфинале во Шангај

Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај победувајќи во четвртфиналето против Јапонецот Нишикори.

Федерер славеше во два сета во четвртфиналната пресметка. Првиот сет го доби со 6-4, а во вториот сет јапонскиот тенисер пружи нешто посилен отпор но не доволно за изненадување против Швајцарецот кој го доби со 7-6 (4).

Се вчитува...