Федерер покажа зошто ни недостигаше – Неверојатна победа по враќањето на терените по пауза од една година

Роџер Федерер со победа во неверојатен натпревар против Даниел Еванс од 2-1 (7-6, 3-6 и 7-5) се врати на тениските терени по паузата која траеше нешто повеќе од една година. Швајцарецот последниот компетитивен натпревар го одигра минатата година во полуфиналето на Австралија опен.

Во првиот сет се водеше голема битка која Швајцарецот успеа да ја реши дури во тај-брејкот кој го доби со 10-8. Вториот сет еден брејк му беше потребен на Британецот да израмни на 1-1 и да го однесе мечот во одлучувачкиот трет. Таму повторно двајцата тенисери ни приредија неверојатен трилер кој на крајот го доби Федерер со 7-5.

Во четвртфиналето популарниот Федекс ќе се сретне со Грузиецот, Николос Башилашвили.

Се вчитува...