Федерер преку Борна Чориќ во четвртфиналето во Рим

Швајцарскиот ас Роџер Федерер се пласира во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Рим, елиминирајќи го хрватскиот тенисер Борна Чориќ со 2-1 во сетови. Во еден неверојатно драматичен меч, Федерер спаси две меч-топки во тај-брејкот во третиот сет, и на крајот поразот го претвори во триумф.

Првиот сет Чориќ го доби со 6-2 во гемови, но Швајцарецот не се предава така лесно иако ќе наполни 38 години. Федерер се врати со 6-4 во гемови во вториот сет, а третиот беше мошне возбудлив. Хрватот имаше 6-4 во поени и беше на чекор до победа, но потоа Федерер заигра фантастично и на крајот сепак комплетираше победа со 9-7 на поени во третиот одлучувачки сет.

Се вчитува...