Федерер преку Чилиќ до 3. коло на Ролан Гарос

Роџер Федерер се пласираше во третото коло на Ролан Гарос откако славеше против Хрватот Марин Чилиќ со 6-2, 2-6, 7-6 и 6-2.

Чилиќ успеа да пружи отпор единствено во вториот и третиот сет, но откако Федерер успеа да го „скрши“ потоа во четвртиот сет беше лесно за него.

Швајцарецот во 3. коло ќе игра против германскиот тенисер Доминик Кепфер.

Се вчитува...