Федерер призна: Треба да бидам на 800. место во светот, а не на осмо!

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер ќе игра на турнир во Женева, а пред натпреварувањето кажа дека долгата пауза поради повредата не му помогнала, а исто така кажа дека ранг-листата на АТП не е реална.

Швајцарецот призна дека бодовите на АТП-листата му одат во прилог, но смета дека тоа не е реално и треба да биде многу подолу на ранг-листата.

„Не мислам дека долгата пауза ми помогна. Денес сите се подготвени и играат врвен тенис. Единствено нешто што ми одеше во прилог е ранкингот на АТП-листата, но искрено тоа не е важно во моментов. Точно е дека требаше да бидам на 800. место во светот, а не на осма позиција, иако тоа не ми помага многу во моментов“, вели Федерер.

Се вчитува...