Федерер продолжува да реди победи на Вимблдон, Швајцарецот го порази Нори

Роџер Федерер и понатаму продолжува да реди победи на својот омилен турнир, Вимблдон, успевајќи да оствари победа против Камерон Нори со резултат од 3-1 (6-6, 6-4, 5-7, 6-4).

Швајцарецот одлично го отвори овој меч, па уште во првиот сет ја покажа својата доминација, а на моменти потсети и на неговите најдобри времиња.

Иако во третиот сет Нори приреди мала неудобност на ветеранот, успевајќи да намали на 2-1 во сетови, сепак, „стариот лисец“ не дозволи било шанса за враќање на противникот во игра и го завери овој дуел со 3-1.

Во осминавиналето Федерер за противник ќе го има Лоренцо Сонего.

Се вчитува...