Федерер прв во историјата до сто победи на Вимблдон, го чека Надал за супер-полуфинале

Швајцарскиот ас Роџер Федерер освои ново парче од тениската историја со стотиот триумф на Вимблдон. Тој е прв во историјата на Ол Ингланд клуб кој стигнал до вакво остварување. Кеи Нишикори го зеде првиот сет, но потоа мораше да му се поклони на вечниот Федерер, кој славеше со 3-1 во сетови. За супер-полуфинале треба да се погрижи Рафаел Надал, кој води со 2-0 во сетови против Сем Квери.

Во второто полуфинале веќе е закажана пресметката меѓу Новак Ѓоковиќ и Роберто Баутиста Агут.

Нишикори го освои првиот сет со 6-4, но тоа само го примора Федерер да уфрли во поголема брзина. Возврати со 6-1 во вториот сет, а потоа со идентични 6-4 во третиот и во четвртиот сет го комплетираше триумфот.

Се вчитува...