Федерер: Рафа секогаш ќе ми биде потежок противник од другите

Роџер Федерер го издвои Рафаел Надал пред сите други како најтежок противник што го имал и што ќе го има на тениските терени. Во интервјуто за телевизијата „Ал Џезира“, најдобриот тенисер во историјата на белиот спорт искажа почит кон сите ривали, но сепак, го издвои Надал како посебен.

„Секако дека Надал секогаш ќе ми биде потежок противник од другите и тоа нема никогаш да се смени. Причината е неговата неверојатна игра со лева рака и ударите со многу спин. Игра на мојот бекхедн кога и да посака, таа дијагонала за него е природен удар. Тој е тежок ривал, секогаш сервира на бекхенд, но миксира и на форхенд. Уште од нашата прва средба знаев дека ќе биде незгоден противник. На змејен терен тој е буквално непобделив, го покажа тоа и годинава во Париз. Го освои Ролан Гарос по десети пат, беше апсолутно фантастичен“ – вели Роџер Федерер за својот најголем ривал на терен.

Се вчитува...