Федерер: Ранкингот не ми е приоритет, туку трофеите

Роџер Федерер не успеа да ја одбрани титулата на Австралија Опен, а поразот од Циципас го чинеше швајцарскиот ас и три позиции на АТП-листата. Така, Федерер од третото падна на шестото место, но освојувачот на 20 гранслем пехари јасно стави до знаење дека не е загрижен поради ранкингот.

„Веќе имам 37 години и слободно можам да кажам дека ранкингот не ми е приоритет, туку трофеите. Сакам на оние турнири на кои ќе решам да настапам, да можам да атакувам на пехарот, а дали тоа ќе ми донесе и подобро рангирање за во иднина воопшто не е важно. Имам еден сон, уште еднаш да го кренам трофејот на Вимблдон, ќе видиме дали ќе ми се оствари. Целта ми е да сум здрав и да сум во доволно добра форма за да знам дека можам да играм со Надал и со Ѓоковиќќ и да ги победувам“ – изјави Федерер, кој има 20 гранслем пехари во својата кариера.

Швајцарецот во февруарри ќе настапи на турнирот во Дубаи, по што во март ќе биде дел од Мастерс-турнирите во Индијан Велс и во Мајами. Потоа тој ќе обелодени на кои турнири на земјена подлога ќе учествува како загревање за Ролан Гарос, гранслем турнирот во Париз на кој Федерер не учествуваше во последните неколку години.

Се вчитува...