Федерер рутински до новo четвртфинале на Вимблдон

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако го победи Италијанецот Сонега во три сета 7-5, 6-4, 6-2.

На осмиот тенисер во светот му требаа нешто повеќе од два часа игра за да влезе меѓу осумте најдобри на третиот гранд слам во сезоната.

Во првите два сета Италијанецот, 27. тенисер во светот, пружи отпор, сепак, Швајцарецот ги реши првите два сета од играта во своја полза со резултат 7-5, 6-4.

Во третиот сет Федерер играше како во најдобрите времиња. Направи два брејка, а загуби само четири поени на свој сервис, па третиот сет го доби со резултат 6-2.

Федерер ќе игра во четвртфиналето против подобриот играч од дуелот Хуберт Хуркач – Даниел Медведев, но својот противник ќе го чека до утре. Поради дождот, дуелот меѓу Данило Медведев и Хуберт Хуркач беше прекинат при водство од 2-1 во сетови за Русинот.

Се вчитува...