Федерер се мачеше но победи, Зверев елиминиран од Ферер

Роџер Федерер ќе игра во третото коло на Мастерсот во Мајами откако славеше во три сета против Молдавецот Раду Албот.

Се мачеше швајцарскиот тенисер, но успеа на крај со пресврт, 4-6,7-5,6-3, да слави против Албот.

Елиминација од турнирот доживеа третиот носител Александар Зверев кој загуби од Шпанецот Давид Ферер (155. на АТП ранг листата). Ферер славеше во три сета со 2-6,7-5,6-3.

Пласман понатаму обезбеди и Гркот Циципас победувајќи го Американецот Мекдоналд, како и Бугаринот Димитров кој лесно во два сета со 6-1,6-3 беше подобар од Шпанецот Лопез.

Се вчитува...