Федерер се откажа од Австралија Опен

Роџер Федерер дефинитивно нема да настапи на првиот гранслем турнир во 2021 година, откако неговиот агент Тони Годсик доцна синоќа објави дека Швајцарецот нема да биде дел од Австралија Опен. Поместувањето на стартот на турнирот за почетокот на месец февруари ги зголеми шансите за настап на швајцарската тениска легенда, но 39-годишниот ветеран на крајот сепак реши да не ризикува по операцијата на коленото направена на почетокот од оваа година.

Годсик потврди дека Федерер се наоѓа во последна фаза од рехабилитациската програма и дека наскоро ќе можеме повторно да го гледаме на тениските терени.

Роџер реши да не учествува на Австралија Опен 2021. Тој имаше значителен прогрес во тренинзите во последните месеци, се враќа во топ-форма. Сепак, по консултациите со лекарскиот тим донесена е одлука тој да се врати на терените по завршувањето на овој гранслем турнир. Наскоро ќе почнеме со разговори со организаторите на турнирите што стартуваат на крајот од февруари, по што ќе го соопштиме и целокупниот планиран календар на настапи на Федерер за 2021 година“, објави агентот на Швајцарецот.

 

Се вчитува...