Федерер се повлече од Ролан Гарос!

Роџер Федерер предвреме го заврши својот настап на Ролан Гарос откако швајцарскиот ас денеска ги известил организаторите на францускиот гранслем турнир дека нема да излезе на терен за утрешниот меч со Италијанецот Беретини.

Федерер победи на првите три средби на овој гранслем турнир, но во меѓувреме почувствува болки во колената. Стравувајќи од обновување на повредата поради која ја пропушти ланската сезона, Швајцарецот на крајот реши да се повлече од Ролан Гарос.

„По дискусиите што ги имав со мојот тим, донесовме одлука да се повлечам од Ролан Гарос. Пресреќен сум поради трите победи на овој турнир, но ова е период во кој морам да си го слушам телото и да не ризикувам нова повреда“, објави Федерер.

Се вчитува...