Федерер шокиран на камбекот на терените

Роџер Федерер имаше неуспешен камбек на тениските турнири откако попладнево загуби од Пабло Андухар со 1-2 во сетови на турнирот во Женева. Федерер како прв носител беше слободен во првото коло, но денеска во рамките од втората рунда беше непријатно изненаден од шпанскиот тенисер, кој важи за специјалист на настапите на земјена подлога.

Андухар подобро го отвори мечот и го доби првиот сет со 4-6, но Федерер собра сили за камбек. Првиот сет заврши со 6-4 за Андухар, но швајцарскиот тенисер направи пресврт, го доби вториот сет со 6-4, па потоа и направи брејк за водство во решавачкиот сет. Федерер имаше 4-2, но Андухар се врати и со три гејма во низа стигна до 4-5. Швајцарецот имаше можност да израмни, спаси две меч-топки, но не можеше да го стори истото и со третата, па беше непријатно изненаден на камбекот, и тоа на турнирот во својата татковина.

Следен ривал на Андухар во Женева ќе биде подобриот од утрешниот дуел меѓу Стрикер и Фукович.

Се вчитува...