Федерер сигурен против Димитров, исто како и Мареј

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласира во четвртфиналето на гранслем турнирот Вимблдон, совладувајќи го Бугаринот Григор Димитров со 3-0 во сетови (6-4, 6-2, 6-4). Тој во следната рунда ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Милош Раонич и Александар Зверев, кој е во тек.

Претходно, и првиот светски рекет Енди Мареј без проблеми се пласира меѓу осумте најдобри на турнирот во Лондон. Тој славеше со 3-0 во сетови (7-6, 6-4, 6-4) против Беноа Паире. Мареј имаше потешкотии само во првиот сет, кој го доби во тај-брејк, а потоа успеа да го скрши отпорот на ривалот, откако во вториот и третиот сет го одзема неговиот сервис.

Се вчитува...