Федерер слави роденден, Ѓоковиќ со честитка: Продолжи да играш, се уште си инспирација…

Роџер Федерер денеска слави 40 години, роденденски јубилеј на еден од најдобрите тенисери на сите времиња, кој продолжуваа да импресионира на терените.

Честитки стигнуваат од сите страни, а еден од првите кои го поздрави Швајцарецот е неговиот голем ривал, Новак Ѓоковиќ.

„Еј Роџер, среќен 40. роденден. Ух, каков јубилеј. Ти се уште си инспирација, напредуваш на теренот и надвор од него. Ми беше голема чест што во изминатите 15 години го делам тенискиот терен со тебе, се надевам дека ќе продолжиш да играш“, му порача Ѓоковиќ на Федерер.

Се вчитува...