Федерер со многу мака до четвртфинале во Шангај, Нишикори победи со Квери

Роџер Федерер, првиот рекет на Швајцарија, се пласираше во четвртфиналето во Шангај откако по голема борба го елиминираше Шпанецот Роберто Баутиста.

Федерер, како и во претходното коло, се мачеше но на крајот успеа да слави во три сета со 6-3,2-6,6-4, по околу два часа игра.

Во борбата за полуфиналето швајцарскиот тенисер ќе игра против Кеи Нишикори кој во два сета беше подобар од Американецот Сем Квери победувајќи со 7-6,6-4.

Роџер Федерер ја брани титулата на Мастерсот во Шангај.

Се вчитува...