Федерер со тренинг во Доха го најави враќањето на терените (ВИДЕО)

По повеќе од година дена пауза, некогашниот број еден рекет во светот, Роџер Федерер се враќа на терените во пресрет на турнирот во Доха во која во втората рунда ќе се сретне со Даниел Еванс. По мечевите во престолнината на Катар, Швајцарецот ќе продолжи на турнирот од серијата 500 во Дубаи.

Последниот настап на Федерер беше Австралија Опен во 2020 година кога во полуфиналето отпадна од српскиот интернационалец, Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...