Федерер стигна до 350 победи на гранслем-турнирите

Роџер Федерер се пласираше во осминафиналето од Вимблдон откако рутински со 3-0 го совлада Французинот Пуј. Ова воедно е и јубилејна, 350. победа на Федерер на гранслем-турнирите уште еден доказ за величината на оваа тениска легенда.

Пуј парираше до финишот од првиот сет, кога по 5-5 Федерер освои шест гејма во низа и поведе со 7-5, 4-0. Швајцарецот потоа рутински го доби вториот сет со 6-2, a во третиот триумфираше во тајбрејк со 6-4, за нов пласман меѓу 16-те најдобри тенисери на Вимблдон. Следен ривал на швајцарскиот тениски великан ќе биде Матео Беретини од Италија, кој денеска по голема борба го совлада Аргентинецот Шварцман со 3-2 во сетови.

Само за споредба, зад Федерер на листата на тенисери со најмногу победи на гранслем турнирите се наоѓаат Ѓоковиќ со 273, Надал со 263, Конорс со 233, Агаси со 224… Во женска конкуренција најдобра во оваа категорија е Серена Вилијамс со 340 триумфи.

Се вчитува...