Федерер стигна до победа број 1.100 во кариерата

Роџер Федерер експресно се рехабилитираше од шокантниот пораз од Томи Хас во Штутгарт, па швајцарскиот ас попладнево рутински го стартуваше својот настап во Хале, совладувајќи го Јапонецот Сугита со 2-0 во сетови. Ривал на Федерер требаше да му беше Лу, но откако тенисерот од Тајван откажа поради повреда, на теренот се појави Сугита, кој немаше никакви шанси да приреди сензација.

Федерер доминираше од почеток до крај, триумфирајќи со 6-3, 6-1 за само 52 минути игра. Следен противник на Швајцарецот на овој турнир ќе биде Миша Зверев, кој славеше со 2-0 над Словакот Лацко.

За швајцарскиот тениски великан ова беше вкупно 1.100 победа во кариерата, со што Федерер стана само вториот кому ова му успеало, по легендарниот Американец Џими Конорс.

Се вчитува...