Федерер тргна фуриозно на УС Опен

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер успешно го отвори настапот на гранслем – турнирот УС Опен. 37-годишниот Федерер на стартот го совлада Јапонецот Јошишито Нишиока со 3-0 во сетови (6-2, 6-2, 6-4). Во следното коло тој ќе се соочи со францускиот тенисер Беноа Пер.

Федерер беше доминантен на теренот, а не дозволи ниту жештината да ги поремети неговите планови и релативно лесно ја прескокна првата пречка.

Со триумф од 3-0 во сетови, и Кеи Нишикори се пласира во следната рунда, победувајќи го Германецот Максимилијан Мартерер.

Во женска конкуренција, пласман понатаму остварија Ужени Бушар, која со 6-3, 6-1 ја совлада Французинката Тан, потоа Медисон Кис, која беше подобра од Парментие (6-4, 6-4), како и Марија Шарапова. Русинката беше подобра од ветеранката Пети Шнидер од Швајцарија со 6-2, 7-6.

Се вчитува...