Федерер: Уживав, со нетрпение го очекувам финалето со Ѓоковиќ

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер по победата над Надал во полуфиналето на Вимблдон вели дека иако очекува замор со нетрпени го очекува финалниот меч против Новак Ѓоковиќ.

„Новак играше одлично во текот на целиот турнир. Тој ја брани титулата тука и покажа зошто во моментов е најдобар. Иако сум уморен со нетрпение го очекува финалниот меч. Се надевам дека ќе можам достојно да му се спротиставам и да стигнам до нов трофеј на Вимблдон“, вели Федерер. 

Финалниот меч меѓу Федерер и Ѓоковиќ е закажан за во недела со почеток во 14 часот.

Се вчитува...