„Федерер веројатно никогаш веќе нема да игра во Австралија“

Еден од најдобрите тенисери во конкуренција на двојки во историајта, Тод Вудбриџ смета дека Роџер Федерер веројатно никогаш веќе нема да игра меч во Австралија. Познато е дека легендарниот Швајцарец го откажа годинашното учество во Мелбурн, бидејќи смета дека се уште не е доволно опоравен од повредата на коленото.

„Тоа што Роџер нема да биде во Мелбурн е големо разочарување за сите. Голема е веројатно веќе никогаш да не го видиме во Австралија, на грен-слем турнирот, што би било голема загуба за сите“, изјави Вудбриџ. 

Турнирот во Мелбурн парк е поместен за периодот од 8. до 21. февруари поради пандемијата од коронавирусот.

Се вчитува...