По голема борба, Роџер Федерер го победи Французинот Монфилс во осминафиналето на АТП Мастерсот во Мадрид.
По три сета игра, Федерер на крајот славеше со 6-0, 4-6, 7-6(3) стигнувајќи до десеттата победа во меѓусебните пресметки, наспроти и четири на францускиот тенисер.
Претходно пласман во четвртфиналето обезбедија и Чилиќ и Ѓоковиќ кои во меѓусебна пресметка ќе одлучуваат околу патникот во полуфиналето, како и Вавринка кој во осминафиналето беше подобар од Нишикори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА