Федерер во следната рунда на УС Опен на мегдан со Киргиос

Роџер Федерер обезбеди пласман во 3.коло на УС Опен со победата против  Французинот Беноа Пер со 3-0. Швајцарецот кој е втор носител на њујоршкиот гранслем, наиде на посериозен отпор во првиот сет кој го доби во тај брејк со 7-5. Во наредните два сета работите си дојдоа на свое место. Федерер го доби вториот сет со 6-4, а потоа без поголеми проблеми го реши и третиот сет со 6-4.

Во следната рунда, Федерер во Њујорк го очекува дуелот со непредвидливиот Ник Киргиос. Австралиецот во вториот меч славеше победа над францускиот тенисер Пјер-Иго Ербер со 4-6, 7-6, 6-3, 6-0.

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини е еден од фаворитите кои порано од очекувањата го завршија настапот на УС Опен. Фоњини кој е 14.рангиран на АТП листата, беше елиминиран од Австралиецот Џон Милман со 3-1 во сетови.

Милман до победата стигна по два часа и 35 минути игра со резултат од 6-1, 4-6, 6-4, 6-1 и во следното коло ќе игра против Михаил Кукушкин од Казахстан.

Се вчитува...