Федерер закажа финале со Ѓоковиќ во Синсинати

Роџер Федерер ќе игра против Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Синсинати откако Давид Гофин го предаде полуфиналниот меч против Швајцарецот при резултат 7-6(3) и 1-1 во вториот сет.

За Федерер ова е осмо финале во Синсинати (претходните седум сите ги доби во своја корист), а четврто против Ѓоковиќ. Интересно, Федерер претходно славеше во сите три финалиња против Ѓоковиќ во Синсинати спречувајќи го да дојде до единствениот мастерс кој му недостасува.

Мечот од финалето се игра вечерва од 22 часот. Ќе биде тоа прв нивни дуел по 28. јануари 2016 година и полуфиналето на Австралија опен во кое Ѓоковиќ славеше со 3-1.

Се вчитува...