Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу е нов член на унгарскиот вицепрвак Фехервар. Тој му се придружи на Бобан Николов кој ги брани боите на поранешниот Видеотон. Муслиу е среќен што потпиша договор со овој клуб.
„Среќен сум што потпишав договор со Мол Фехервар. Слушнав многу убави работи за тимот и за организацијата во клубот од репрезентативниот соиграч Бобан Николов. Го знам многу добро од Вардар и од националниот тим и верувам на неговите зборови. Го разгледав и градот, МОЛ Арена е прекрасен стадион и се надевам дека ќе имаме успеси“, изјави Висар Муслиу.
Спортскиот директор Золтан Ковач е задоволен што Висар Муслиу конечно ќе го облече дресот на Фехервар. Вели ека клубот го „лови“ подолг период.
„Подолг период ги следевме игрите на Висар Муслиу. Тој е македонски репрезентативец, млад е, а веќе искусен и сигурно ќе биде големо засилување за нас во новата сезона“, изјави спортскиот директор на Фехервар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА