Фехервар зимава формира македонски стоперски тандем Муслиу – Серафимов

Фехервар е силно заинтересиран во своите редови да го донесе Никола Серафимов. Македонскиот стопер кој во моментов настапува за тимот на Залаегерцег е на „мета“ на тимот на Ферехвар, кој би можел да има македонски стоперски тандем, со оглед дека таму настапува и Висар Муслиу.

Серафимов има одлична полусезона во Залаегерцег, и тоа беше доволна препорака за луѓето од екс првакот да тргнат по услугите на стоперот. Фехервар во пролетниот дел го очекува битка за Европа, па дури и за титулата ако се пружи шанса, со оглед дека првопласираниот Ференцварош бега во моментов шест бодови, и има натпревар помалку.

Во минатото во овој тим кој се викаше и МОЛ Види, настапуваше и Бобан Николов, кој сега игра во Шериф.

Се вчитува...