Фекир го напушта Лион, дали Ливерпул е следната дестинација?

Капитенот на францускиот прволигаш Лион, Набил Фекир, доби дозвола да го напушти клубот, откри претседателот Жан Мишел Ола. 25-годишниот крилен напаѓач требаше минатото лето да се пресели во Ливерпул за 60 милиони евра, но трансферот пропадна во последен момент. Сепак, сега Лион е речиси приморан да го продаде, со оглед дека на фудбалерот му остануваат уште 12 месеци од договорот. Следното лето би можел да си замине како слободен фудбалер.

„Набил е еден од двајцата фудбалери со кои имаме договор за заминување од клубот. Му благодариме за се што направи за Лион, имаме џентлеменски договор и време е да го пуштиме“, изјави претседателот на Лион по триумфот над Ним.

Фекир оваа сезона постигна само 12 гола за Лион, а претходната запиша дури 23 зад своето име. Повторно Ливерпул е најсериозната опција за негов трансфер.

Се вчитува...