Фекир ќе остане во Лион

Францускиот репрезентативец Набил Фекир ќе остане во Лион и во новата сезона, објави претседателот на клубот, Жан – Мишел Аулас. Тој беше пред трансфер во англискиот премиерлигаш Ливерпул, но не успеа да ги мине лекарските прегледи со оглед на двете претходни операции на коленото.

Иако Фекир е сега максимално подготвен, сепак, нема понуди кои ќе ги задоволат финансиските барања на Лион од 60 милиони фунти.

„Ќе почекаме до крајот на преодниот рок, но убеден сум дека Набил ќе остане во Лион и оваа сезона. Тој ќе биде нашето најголемо засилување“, изјави претседателот на Лион.

Се вчитува...