Фелаини пред трансфер во Рома

Белгискиот интернационалец Маруан Фелаини ќе го напушти „Олд Трафорд“ по завршувањето на сезоната и кариерата ќе ја продолжи во Италија. Фудбалерот на Манчестер јунајтед е во завршни преговори со раководството на италијанскиот калчолигаш Рома.

Фелаини никогаш не успеа да се избори за статус на стандарден првотимец во редовите на Манчестер јунајтед и токму потрагата по поголема минутажа го тера да си замине од Англија. На крајот од сезоната истекува неговиот договор, а тој не се сложи да ја продолжи соработката.

Покрај Рома, за Фелаини се интересираат и турските клубови Бешикташ и Галатасарај.

Се вчитува...